Социолозите регистрираа пад на патриотизмот во Русија

Социолозите од „Левада-центар“ извршија анкета за да го откријат нивото на патриотизам во државата.

Социолозите од „Левада-центар“ извршија анкета за да го откријат нивото на патриотизам во државата. Вкупниот број патриотски настроени граѓани на Руската Федерација се намалил за речиси за 10%. Ако во 2007 година за патриоти се сметале 78% од граѓаните, во 2013 година нивниот број се намали до 69%. Бројот на луѓе кои изјавиле дека не се патриоти се зголемил од 12 на 19%.

Се измениле и претставите на Русите за суштината на патриотизмот. Најпопуларниот одговор на прашањето „Што е тоа патриот?“ означува едноставно љубов кон својата држава. Сепак, и овде се забележува негативна динамика. За шест години овој показател се намалил од 66% на 59%. Се намалил и бројот на тие кои сметаат дека патриотизмот помага да се развива државата.

11% од испитаниците сметаат дека патриотот за својата држава секогаш зборува, „колку и да биде горчлива таа“, а 6% сметаат дека патриот е човек кој не гледа недостатоци во својата држава.

24% од Русите сметаат дека во последните неколку години граѓаните на Русија станале попатриотски настроени, а ист процент граѓани се уверени во спротивното. 37% не гледаат никакви промени на тоа поле. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња