Системот ГЛОНАСС ќе биде тестиран за подобност во услови на војна

Министерството за одбрана на Русија донесе одлука да се зголеми отпорноста на системот ГЛОНАСС од било какви пречки кои може да ги предизвика противникот за време на воени дејства, пишува весникот „Известија“.

Одбранбениот ресор нарачи изградба на специјален комплекс кој ќе ја имитира работата на сателитските уреди за попречување на сигналот од ГЛОНАСС. После завршувањето на експериментот воените експерти ќе ги приспособат уредите да ги избегнуваат пречките.

Според податоците на весникот „Известија“, тестирањето ќе се врши во специјална просторија во која ќе се наоѓаат 24 антени-имитатори на сигналот на ГЛОНАСС, приклучени на репетирот за реални сигнали од сателитите, шест антени-генератори на пречки и ротациски пулт за симулација на преместувањето на воздухопловните приемници.

Овој комплекс ќе може да го изолира приемникот од сите видови електромагнетно зрачење, и на тој начин ќе обезбеди непречено извршување на експериментот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.