Лансирањето на ракетата-носач „Днепар“ со група сателити е предвидено да се одржи на 21 ноември, изјавија во Роскосмос за РИА Новости.
Лансирањето е предвидено во 8:10 минути по македонско време. Ракетата со себе ќе носи 23 вселенски апарати - пред сѐ телекомуникациски сателити како DubaiSat 2, STSAT-3, SKYSAT-1, UniSat-5 и други.
Најтежок сателит е 300-килограмскиот DubaiSat 2. Овој апарат се планира да биде изведен на орбита во висина од 600 километри над Земјата.
Ракетата-носач „Днепар“ е создадена врз основа на меѓуконтиненталната балистичка ракета РС-20 (НАТО ознака „Сатана“). Од 1999 година досега се извршени 18 лансирања на оваа ракета-носач, со вкупен број на 63 вселенски апарати од 15 различни држави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче