МАК: За падот на авионот „Боинг-737“ во Казањ одговорни се пилотите

После дешифрирањето на записите од „црните кутии“ од авионот „Боинг-737“, кој се сруши на аеродромот во Казањ, Меѓудржавниот воздухопловен комитет (МАК) дојде до заклучок дека капетанот на авионот го исклучил автопилотот на леталото и се обидел да слета мануелно.

Според зборовите на учесниците во истрагата, искусниот екипаж без посебни тешкотии би го приземјил авионот, опремен со современиот ILS систем за слетување, пренесува „Комерсант“. Автопилотот на авионот „Боинг0737“ требало самиот да ги изведе сите  маневри и да го спушти авионот на пистата.

Капетанот на авионот, откако увидел дека не може да слета, го активирал системот за повторно слетување. Меѓутоа „еден од двата автопилота кој се користи за слетување бил исклучен и летот и понатаму бил реализиран во мануелен режим“. Имено тоа, според мислењето на експертите на МАК, ја предизвикало трагедијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.