Москва е изненадена од одлуката на САД во Авганистан да останат функционални девет големи воени бази после заминувањето на коалициските сили на НАТО во 2014 година, изјави специјалниот претставник на претседателот на Русија за Авганистан, Замир Кабулов во интервју за РИА Новости.
„Секако, ние за нив (Американците) имаме прашања. Зошто на САД им требаат во Авганистан девет големи воени бази, такво нешто нема никаде во светот?“ – забележа Кабулов.
„Нам ни кажуваат дека тоа, демек, е потребно за подготовка на авганистанските сили за безбедност. А ние знаеме дека активно се обучува само командниот состав на авганистанското Министерство за одбрана и Генералниот штаб, односно, околу 300 до 400 постари офицери и генерали. Зар не е тоа мала бројка за девет воени бази? Освен тоа, зошто треба длабоко во земјата ад се крие сета инфраструктура на тој ’центар за тренирање’ во Шурабак, кој исто така има и писта за авиони?“ – изјави Замир.
Според Замир, „мрежата од девет големи воени бази ќе може да изврши големо влијание врз целиот азиски регион, ќе стане моќно место од каде може да се влијае во случај американските планови за пренесување на центарот на влијание во овој регион.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче