Федерална служба за миграција: емигрантите недоволно се заинтересирани за интеграција во Русија

Емигрантите во Русија не учествуваат доволно во активностите за адаптација во руското општество, изјави шефот на Федералната служба за миграција, Константин Ромодановски.

Емигрантите во Русија не учествуваат доволно во активностите за адаптација во руското општество, изјави шефот на Федералната служба за миграција, Константин Ромодановски.

„Се судираме со низок степен на мотивација кај емигрантите за адаптирање во нашето општество. Има случаи кои бесплатните курсеви по руски јазик за нив ги затвораме поради нежелбата да се посетуваат истите“, изјави Ромодановски.

Според неговите зборови, некои лидери на националните дијаспори не се заинтересирани нивните сограѓани да се интегрираат во руското општество. Меѓутоа, како што забележи Ромодановски, поради тоа лесно е истите да бидат излажани или измамени кога треба да се судрат со системот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.