Руски авион Ту-134 во вторникот вечерта без дозвола влегол во воздушното пространство на Естонија, изјави во средата Главниот штаб на Силите за одбрана на државата.
Според податоците од воените лица, рускиот авион летал во насока на Калиниградската област, но влегол во длабочина од 0,5 морски милји во воздушното пространство на Естонија во реонот на островот Вајндло. Како што изјавуваат естонските воени лица, рускиот авион се наоѓал во воздушното пространство на Естонија помалку од една минута.
Нарушувањето на воздушното пространство е забележано од естонскиот центар за управување со воздушното движење во авиобазата во Емари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче