Чиновниците во руската сојузна република Тува ќе пишуваат диктат по руски јазик

Чиновниците во руската сојузна република Тува во рамките на регионалната акција „Народен диктат“ ќе напишат диктат по руски јазик. Чиновниците кои ќе имаат грешки ќе бидат пратени да го направат диктатот уште еднаш.

Шефот на републиката претходно 2014 година ја прогласи за Година на рускиот јазик во Тува.

„Во рамките на Годината на рускиот јазик, за државните службеници е планирана акцијата ’Народен диктат’. Првата етапа од акцијата треба да заврши на 20 декември. Тогаш чиновниците ќе ги добијат и резултатите. Од 1 октомври до 1 ноември следната година ќе се одржи втората етапа од акцијата, каде секој ќе има можност да си ги тестира своите сили уште еднаш“, се кажува во соопштението.

Локалната влада не соопшти дали ќе бидат казнети чиновниците кои ќе го напишат диктатот со грешки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња