Жителите на Сибир истовремено ќе можат да го гледаат дождот од метеори Леониди, како и кометата Јасон која поминува низ соѕвездието Лав, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјавата на Олег Кашин, соработник на центарот „Планетариум“ при Сибирската државна геодетска академија во Новосибирск.
Групата метеори Леониди ќе може да се погледне на источната страна на небото пред изгрејсонце. За посматрање ќе може да се користи двоглед, иако метеорите ќе бидат видливи и со голо око. Интензитетот на метеорскиот дожд би требало да изнесува 10-20 метеори на час. Оваа небеска појава ќе трае до крајот на ноември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче