Русија создава ПВО системи со Ерменија и Казахстан

Русија сака да го засили единствениот систем за противвоздушна одбрана со Белорусија и ќе создаде нови такви системи со Ерменија и Казахстан. Ова го изјави Владимир Путин за време на свеченоста на која беа претставени новите виши офицери.

„Планираме зајакнување на единствениот ПВО систем со Белорусија, ќе создадеме нови регионални состави со Ерменија и Казахстан“, изјави Путин. Рускиот претседател смета дека таквата соработка забележително го зголемува одбранбениот потенцијал на Русија и нејзините партнери, го јакне мирот и стабилноста на евроазискиот простор.

Тој истакна дека годинава успешно завршија руско-белоруските стратешки вежби „Запад-2013“, па на ред е создавање на регионални групи војски со Ерменија, Белорусија, Казахстан и Таџикистан. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња