Русија ќе му испорача на Египет системи ПВО според договорот кој веќе е потпишан, изјави за руските новинари во понеделникот шефот на „Ростех“, Сергеј Чемезов.
„Што се однесува до Египет, некои договори веќе се потпишани, а некои се во фаза на усогласување. Се разговара за различни видови оружје, вклучувајќи и хеликоптери и авиони“, изјави Чемезов.
Тој подвлече дека кај египетската страна се појавиле проблеми со финансирањето. „Тие го разгледуваат тоа прашање со своите партнери. Слушнав дека сакаат да побараат од Русија соодветен кредит“, изјави шефот на „Ростех“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче