Колекција накит од Фаберже во сопственост на Виктор Векселберг ќе биде прикажана во Шуваловскиот дворец во Санкт Петербург, изјавено е на конференцијата за печатот организирано од културно-историскиот фонд „Врска со времињата“.
Приватниот музеј Фаберже ќе се отвори во Санкт Петербург во Шуваловскиот дворец, каде веќе е извршен ремонт на ентериерите.
„Посетителите ќе можат да погледнат околу 4.000 експонати“, изјави за РИА Новости претставник на фондот.
Во експозицијата ќе бидат претставени императорските велигденски јајца, ретки дела од уметноста и други предмети од личната колекција на Виктор Векселберг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче