Околу 56.000 емигранти ќе заминат во рускиот град Самара

Околу 56.000 емигранти ќе дојдат во рускиот град Самара за да ги градат објектите за Светското фудбалско првенство во 2018 година. Ова е двапати поголем број од бројот на издадени дозволи за работа во оваа година, изјави Ирина Никишина, заменик министер за миграциска политика во регионот.

„Направивме пресметки и очекуваме дека ќе има потреба од 56.000 емигранти. Тие не се потребни само за изградба. Тие се потребни за сите останати сфери во организирањето на првенството“, изјави таа.

За Светското првенство во 2018 треба да биде модернизирана транспортната, комуналната, медицинската, хотелската и спортската инфраструктура во градот. Ќе се појават нови транспортни правци и три нови трамвајски линии.

Во рамките на подготовката за првенството во Самара ќе биде изграден нов стадион за 45.000 посетители. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња