Британската глем-рок група Slade, која пред две години славеше 45-години постоење, ќе настапи во Москва на сцената „Крокус Сити Хола“ во вторник, соопштија за РИА Новости организаторите на концертот.
Групата се појави кон крајот на 60-те. Во првата деценија од постоењето успешно го фатија бранот на сѐ пополуралниот глем-рок. Уникатната смеса на рокенрол, скандална раскошност и добриот хумот ја направија оваа група една од најпопуларните во овој правец во музиката.
Во 1971 година два нивни сингла се најдоа во британската хит-парада: Get Down And Get With it и Coz I Luv You.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче