Лавров: Евроазиската интеграција не противречи на европската

Москва смета дека обидите на ЕУ да ја покрене иницијативата „Источно партнерство“ во духот на „игра со нулта сума“ се контрапродуктивни, бидејќи евроазиската и европската интеграција не се меѓусебно противречни.

Москва смета дека обидите на ЕУ да ја покрене иницијативата „Источно партнерство“ во духот на „игра со нулта сума“ се контрапродуктивни, бидејќи евроазиската и европската интеграција не се меѓусебно противречни. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, а пренесува РИА Новости.

Уверени сме дека постои основа европските и евроазиските интеграции да се поврзат, и тоа не само врз основа на прифаќањето на едностран пристап кон Европската унија, туку врз основа на пронаоѓање на заеднички прифатлив правец на соработка. Нашата евроазиска интеграциска структура и сојуз кој ќе го создадеме има за цел да го зголеми квалитетот и конкурентноста на економијата на Русија, Белорусија и Казахстан, изјави Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња