Чемезов: договорот за купување Су-35 од Кина нема да биде потпишан во 2013

Договорот за купување на 24 ловци Су-35 од страна на Кина нема да биде потпишан оваа година. Страните ќе продолжат и понатаму да ги усогласуваат параметрите на договорот, изјави за новинарите Сергеј Чемезов, шеф на државната корпорација „Ростех“.

За прв пат информацијата за купување на ловци Су-35 од страна на Кина се појави кон крајот на 2012 година.

„Во оваа година договорот нема да биде потпишан. Прашањето заглави кај цената“, изјави Чемезов.

На светскиот пазар авионите Су-35, во зависност од опременоста, чинат од 50 до 100 милиони долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.