Бродот „Сметливи“, кој влегува во постојаната група бродови на Воената-морнарица на Русија во Средоземното море, ја заврши посетата во француското пристаниште Тулон, изјави за новинарите капетан Вјачеслав Трухачев.
„Денес ’Сметливи’ ја заврши програмата со која беше предвидена посета во главната воено-морска база на ВМФ на Франција. Капетанот на бродот го посети заменикот-градоначлник на градот и командантот на базата во Тулон“, изјави Трухачев.
„Сметливи“ го напушти Тулон и ќе продолжи со исполнување на своите задачи во Средоземното море. Претходно рускиот брод учествуваше во манифестацијата „Руска недела на Јонските острови“, а исто така ја претставуваше Руската Федерација за време на руско-италијанската воена вежба „Јонекс-2013“, додаде Трухачев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче