Су-34 на тест од 5.000 километри

Повеќе од 5.000 километри поминаа екипажите на авионите Су-34 од Западниот воен округ (ЗВО), извршувајќи лет на максимална далечина без дотурање гориво, изјави за новинарите началникот Олег Кочетков за време на конференцијата за новинарите.

„Пилотите од аеродромот ’Балтимор’ извршија тренинг кој се состоеше од вежба за бомбардирање на полигоните на ЗВО во Тверската, Ленинградската и Мурманската област, после што извршија еден од најсложените елементи - дотурање гориво во воздух од воздушниот танкер Ил-78“, изјави Кочетков.

Дотурањето на гориво било извршено на брзина од 600 километри на час, кога пилотите требало да се „спојат“ со конусот за дотур на гориво со дијаметар од само 40 сантиметри.

„Вкупно земено, пилотите се наоѓаа во воздух повеќе од пет часа“, изјави Кочетков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.