Повеќе од 70 современи модели воена техника и вооружување ќе претстави „Рособоронекспорт“ на меѓународната изложба „Милипол-2013“ во Париз.
Меѓународната изложба на средства и системи за безбедност ќе се одржи од 19 до 22 ноември 2013 во Париз.
„Компанијата ќе претстави техника за силите за специјална намена (оклопниот автомобил ’Тигар’, оклопниот транспортер БТР-80А и чамецот ’Мангуст’), како и технички средства за создавање комплексни системи за контрола на земната и морската граница и одбрана на посебно важните објекти. Зголемен интерес на странските делегации се очекува и за снајперските пушки, како и специјални фрлачите на гранати ГМ-94 и 6Г30“, изјавено е на конференцијата за печатот од Рособоронекспорт.
Само Рособоронекспорт претставува повеќе од 70 современи видови оружје и техника за специјалните сили. Таквото масовно учество на руската делегација на изложбата ќе помогне во запознавањето на потенцијалните партнери со значителниот квалитет на оружјето кое доаѓа од Русија.
На „Милипол“ се очекува присуство на повеќе од 1.000 компании од 43 земји. Изложбата се одржува секоја година, почнувајќи од 1984 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче