Свеченото отворање на Годината на науката во Русија и ЕУ ќе се одржи на 25 ноември во Москва, известува РИА Новости.
„Службената свеченост на отворање на Годината на науката Русија-ЕУ во 2014 ќе се одржи на 25 ноември во Москва со учество на Маире Геогеган, член на Европската комисија за истражување, иновации и наука, како и Дмитриј Ливанов - министер за образование и наука на Русија. Освен свеченоста на отворање, од 25 до 27 ноември во Москва ќе се одржат неколку манифестации посветени на научно-техничката соработка меѓу ЕУ и Русија“, се кажува во извештајот за новинарите.
2014 година е прогласена за Година на науката на Русија и Европската унија. Во текот на следната година во Русија и во државите на ЕУ ќе се одржат различни манифестации, посветени на развојот на соработката меѓу ЕУ и Русија во науката, високото образование и иновациите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче