Индустриското производство во Русија забележа пад

Индустриското производство во Русија во октомври 2013 се намали за 0,1%, со што руската индустрија за целата година покажува нулев раст, покажуваат податоците од Руското биро за статистика.

Индустриското производство во Русија во октомври 2013 се намали за 0,1%, со што руската индустрија за целата година покажува нулев раст, покажуваат податоците од Руското биро за статистика.

Во првиот квартал руската индустрија имаше раст од 0%, во вториот од 0,3%, а во третиот пад од 0,1%, но со прочистена сезонска динамика - индустријата во Русија не покажа ниту раст, ниту пад.

Поединечно гледано по гранки во индустријата, раст од 1,2% е забележан кај рудниците и експлоатацијата на злато, сребро, дијаманти, јаглен, нафта и гас, а 0,6% пад во производството на електрична енергија.

До крајот на годината Министерството за економија и развој планира раст од само 0,7% во индустријата. За идната година се предвидуваат 2,2%, во 2015 - 2,4%, а во 2016 година - 2% раст. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња