Морските служби во Хрватска во пристаништето во градот Шибеник не дозволија испловување на бродот „Батијски-108“ поради тоа што капетанот бил пијан, се соопштува на официјалната интернет-страница на министерството за море, транспорт и инфраструктура на Хрватска.
Инцидентот се случил на 14 ноември, но соопштено е сега. Соопштено е дека пристанишните власти откриле концентрација на алкохол од 3,27 промили во крвта на капетанот на бродот, кој воедно е и граѓанин на Русија.
Локалните власти откриле и други нарушување – отсуство на мапа на Јадранското море, како и план за пловењето на бродот. За случката информиран е претставникот на Рускиот морски регистар во Риека.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче