Ерменија ќе го потпише договорот за приклучување кон Царинската унија до февруари

Ереван до февруари ќе биде практично готов за потпишување на договорот за приклучување кон Царинската унија и Единственото економско пространство, пренесува „Новости-Ерменија“, цитирајќи ги зборовите на министерот за надворешни работи на републиката, Шаварш Кочарјан.

Според резултатите од преговорите меѓу претседателите на Ерменија и Русија, на 3 септември беше изјавено дека Ерменија има намера да се приклучи кон Царинската унија и да учествува во создавањето на Евроазиската економска унија.

„Јас сметам дека до февруари Ерменија ќе биде подготвена да го потпише договорот за приклучување кон Царинската унија и Единственото економско пространство“, изјави Кочарјан во неделата во Ереван.

Според неговите зборови, се очекува Вишиот Евроазиски економски совет на 19 декември да ја донесе „патната карта“ за приклучување на Ерменија кон Царинската унија. Ереван се надева дека до мај земјата ќе ги исполни сите услови и ќе стане член на Царинската унија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња