Експерт: можна е изградба на станици ГЛОНАСС и кај соседите на САД

Можната забрана за изградба на руски мерни станици за системот ГЛОНАСС на американска територија нема да влијае негативно на работата на целиот систем. Возможно е Русија да отвори такви станици и во соседните држави на САД, на пример во Мексико или Канада, смета експерт во ракетно-космичката гранка.

Весникот New York Times  во неделата соопшти дека ЦИА и Пентагон се обидуваат да го убедат Стејт департментот на САД да не му дава на Роскосмос дозвола за изградба на мерни станици на системот ГЛОНАСС на американска територија, плашејќи се дека тие можат да бидат употребени во воени цели.

ГЛОНАСС е систем со двојна функција, па затоа секој негов елемент, без разлика дали е тоа станица на земјата или сателит - може да биде искористен за воени потреби. Затоа стравовите на Американците не се неосновани. Но овде голема улога игра и политиката. Ако раководството на двете држави реши дека ваквата форма на соработка меѓу двете држави е возможна, тогаш Американците ќе дозволат да се изградат такви станици на нивната територија“, изјави соговорникот за РИА Новости.

Како алтернативно место за изградба на мерни станици за ГЛОНАСС се наведуваат Куба, Мексико и Канада.

Глобалниот навигациски сателитски систем (ГЛОНАСС) е руски аналог на американскиот Систем за глобално позиционирање (ГПС). Со рускиот систем можно е определување на местото на наоѓање на објект со точност до 1 метар. Создавањето на ГЛОНАСС започна во 1982 година. Првиот сателит ГЛОНАСС беше лансиран во 1982 година, а во 1993 година системот официјално започна да функционира. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.