Во Русија стапија на сила казните за пушење на места на кои тоа е забрането со „антипушачкиот“ закон, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на заменикот -претседател на фракцијата на „Единствена Русија“, Вјачеслав Тимченко.
За пушење на работно место, во просториите во образованите, културните, спортските и здравствените установи, како и во влезовите на станбените згради, на железничките станици и аеродромите ќе се наплатуваат казни од 700 до 2300 денари.
„Мораме да ја осигуриме апсолутната слобода на сите непушачи од димот од цигарите, а тоа подразбира строга забрана за пушењето на јавните места“, изјави Тимченко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче