Руски авиони и хеликоптери на авиошоу во Дубаи

150 најнови авиони и хеликоптери за цивилна и воена употреба ќе бидат претставени на Блискиот Исток за време на авиошоуто Dubai Airshow, кое ќе започне денес на новиот меѓународен аеродром во Дубаи и ќе трае до 21 ноември.

150 најнови руски авиони и хеликоптери за цивилна и воена употреба ќе бидат претставени на Блискиот Исток за време на авиошоуто Dubai Airshow, кое ќе започне денес на новиот меѓународен аеродром во Дубаи и ќе трае до 21 ноември.

Ова ќе биде 13-то по ред авиошоу, кое воедно е и најголемо шоу според бројот на учесници и посетители. Организаторите пренесуваат дека се очекуваат околу 1000 учесници и 60.000 посетители.

Медиумите сметаат дека за време на одржувањето на ова шоу, се планира потпишување на голем број договори, чии иницијатори ќе бидат локалните најголеми авиокомпании. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.