Рускиот концерн ПВО „Алмаз-Антеј“ и државната корпорација „Ракетно тактичко вооружување“ ја произведоа најновата ракета „земја-воздух“ 9М338 со унапредени карактеристики за системите ПВО со краток радиус на дејство, изјави за РИА Новости Сергеј Друзин, конструктор и заменик на генералниот директор на концернот ПВО „Алмаз-Антеј“.
Досега во вооружувањето на „Тор-М1“ и „Тор-М2У“ беше ракетата 9М331. Кон крајот на октомври годинава беа тестирани карактеристиките на новиот систем ПВО и ракетите за него.
„Лансиравме пет ракети на доста тешки цели. Три цели беа веднаш уништени со директен погодок. Тоа е одличен резултат и добра прецизност“, изјави Друзин. Со тоа, овие ракети можат непречено да почнат да се произведуваат сериски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче