Русија нема засега потреба од создавање на носачи на авиони, изјави за новинарите вице-премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин после завршувањето на церемонијата за предавање на носачот на авиони „Викрамидатја“ на Индија.
„Прашањето за изградба на носачи на авиони - не е круцијално прашање за одбранбената моќ на државата. Тоа е повеќе геополитичко прашање“, подвлече Рогозин.
Според неговите зборови, ако во Русија се донесе такво решение, тогаш индустријата која се занимава со изградба на пловила ќе биде подготвена да изгради вакви бродови.
„Ние покажавме дека можеме да градиме вакви бродови“, изјави Рогозин.
Во моментов Русија има само еден носач на авиони - „Адмирал Кузнецов“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче