Двајца непознати на југот од Москва му нанеле тешки физички повреди на граѓанинот на Македонија, Љупчо Гоцевски. После нападот Македонецот успеал да пристигне до станот кој го изнајмувал, но му станало лошо и сопственичката на станот повикала Брза помош.
„Во петокот утрото во полицијата пристигна соопштение дека во болница се наоѓа 44-годишен Македонец со тешки телесни повреди“, изјави претставник на МВР на Москва.
Докторите откриле кај Македонецот скршеница на коските на черепот, лицето, носот, како и внатрешно крвавење.
Полицијата веќе подигна истрага за откривање на извршителите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче