Русија нема да може да носи во Украина „чувствителни технологии“ во случај ако земјата го потпише договорот за асоцијација со Европската унија, настан кој може да се случи на самитот во Вилнус кон крајот на ноември, изјави Дмитриј Рогозин.
Адоцијацијата на Украина и ЕУ не значи нејзино приклучување кон ЕУ. „Најверојатно овие земји никогаш нема да влезат во Европската унија“, смета чиновникот. „Ние ги повикуваме државите во ЕУ да не им даваат лажни надежи на нашите партнери, со што тие би направиле непромислени решенија. Не треба да им се дава морков, за кој и самите знаат дека никогаш нема да можат дури да го лизнат“, изјави Рогозин.
Освен тоа, за Украина асоцијацијата со ЕУ може да доведе до нарушување на традиционалните хоризонтални односи – пред сѐ со руските претпријатија, изјави Рогозин.
„Ние не можеме да носиме чувствителни технологии во Украина во тој случај. Ќе треба нив целосно да ги локализираме на територијата на Руската Федерација. Тоа ќе означи појава на проблеми во авио-индустријата, космичката индустрија и друго“, изјави Рогозин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче