Рособоронекспорт: Русија има добри перспективи околу создавањето на беспилотни летала

Русија може во следните 10 години да зазеде 5% од светскиот пазар на беспилотни летала, изјави Михаил Завалија, соработник во „Рособоронекспорт“.

Русија може во следните 10 години да зазеде 5% од светскиот пазар на беспилотни летала, изјави Михаил Завалија, соработник во „Рособоронекспорт“.

Во СССР успешно се произведуваа беспилотни летала со различни намени. Во 90-те години потенцијалот во оваа област не беше искористен, и Русија заостана од водечките произведувачи.

„Со соодветна организација на производството, наскоро, во текот на следнава деценија, ќе заземеме 3 до 5% од светскиот пазар“, изјави Завалиј.

Според неговите зборови, во Русија се создадени конкурентните „Орлан-10“, „ЗАЛА-421-16“, „Елерон-10“ и други. Тие беспилотни летала ги задоволуваат современите барања, а по некои критериуми (радиус на лет, височина) дури и ги надминуваат странските. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња