ХИВ-инфекцијата во Русија за првите девет месеци е откриена кај 54.000 лица, што е за 7,1% повеќе отколку во истиот период минатата година, пишува на официјалната интернет-страница на Роспотребнадзор.
Според оценката на ООН, ХИВ и СИДА-та го заземаат петтото место меѓу причините за смртност во светот. Бројот на луѓе кои живеат со овој вирус изнесува 35,3 милиони луѓе во целиот свет. Во 2012 година биле пријавен нови 2,3 милиони случаи, а 1,6 починале.
Во Русија најголем број на заразени има во Кемеровската, Свердловската, ТОмската и НОвосибирската област, каде во просек има по 145 заразени на 100.000. Притоа, средниот показател во Русија изнесува 35,7 случаи на 100.000.
Најголем број на нови случаи на лица заразени со ХИВ вирусот се забележани кај наркоманите (58% од новите случаи), додека 40% се заразиле при хетеросексуален контакт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче