Експерт: Росатом треба да ја намали цената за изградба на нуклеарни објекти

Росатом треба да ги намали роковите и цената за изградба на нуклеарни централи и активно треба да започне со имплементирање на иновации за да ги задржи своите водечки позиции во светот, изјави за РИА Новости директорот на центарот за капитална изградба во Росатом, Генадиј Асахров.

„Сега на светскиот пазар активно навлегуваат азиските држави. Тие се сериозни конкуренти. Знаејќи ја вредноста на ресурсите од тие држави (трудови и производни), не исклучувам дека кај нас во иднина ќе се појават проблеми со конкурентноста на нашите проекти. Затоа ние сме обврзани да напредуваме. Според стратегијата на Росатом, дури 50% од проектите се планира да бидат реализирани во странство. Сметам дека намалувањето на цената на изградба е можна само со имплементирање на иновации – нови технологии и материјали“, додаде тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.