Русија само со учество на приватниот бизнис може да стане современа технолошка држава, изјави Анатолиј Чубајс, претседател на „Роснано“ за време на меѓународниот форум „Технопром“.
„Овој форум сам по себе е стартап, бидејќи за прв пат се одржува овде во Сибир“, изјави Чубајс.
„Технолошкиот развој, убеден сум во тоа, може и треба да биде основа за сите понатамошни сериозни дискусии. И современиот бизнис, државниот и приватниот, треба да бидат дел од тој развој. Без приватниот бизнис не може ни да се смета дека Русија ќе стане современа технолошка држава. Без приватниот бизнис никакви нови технолошки никулци во Русија нема да се појават“, додаде шефот на „Роснано“:
Меѓународниот форум за технолошки развој „Технопром“ се одржува во Новосибирск од 14 до 15 ноември. Во него учествуваат претставници од бизнисот, властите од 12 региони на Русија, како и 27 странски експерти од САД, Јапонија, Кина, Европа и ЗНД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче