Серијата „Game of Thrones“ е најпопуларна кај руските пирати

Серијата „Game of Thrones“ стана најпопуларна кај пиратите во Русија меѓу филмовите чии права припаѓаат на компанијата „Амедиа“, пишува Digit.ru, повикувајќи се на соопштение на компанијата Group-IB.

Серијата „Game of Thrones“ стана најпопуларна кај пиратите во Русија меѓу филмовите чии права припаѓаат на компанијата „Амедиа“, пишува Digit.ru, повикувајќи се на соопштение на компанијата Group-IB.

Експертите од оваа компанија, во соработка со компанијата „Амедиа“ блокираа околу 60 илјади врски преку кои можат да се симнуваат серии и филмови. Според оценките на експертите, најпопуларни серии кои ги симнуваат руските пирати се "Boardwalk empire", "True Blood" и "Breaking Bad".

„Спречувањето на пиратското симнување на содржини е најважна задача на компанијата и одговорност пред американските сопственици на авторските права. Ние активно се бориме да ги заштитиме тие права на Интернет“, изјави Денис Горшков, директор на групата канали „Амедиа ТВ“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.