Руската тенисерка Марија Шарапова ќе работи за американската телевизиска компанија NBC за време на одржувањето на Олимписките игри 2014 во Сочи.
Шарапова ќе работи како кореспондент кој ќе ги известува гледачите за она што се случува на првите зимски Игри во Русија, пишува на официјалната интернет-страница на телевизиската компанија.
„Личноста на Марија излегува надвор од спортските рамки, таа е една од најпрепознатливите ѕвезди во светот - изјави Џим Бел, продуцент во компанијата. Марија растеше во Сочи до нејзината шеста година, нејзините роднини и пријатели уште се таму, и затоа од неа може да се очекува посебна поглед на нештата и случувањата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче