Руските десантни единици ќе добијат 200 модернизирани БМД-2

Падобранско-десантните единици (ВДВ) на руската армија во текот на 2014 ќе бидат опремени со преку 200 модернизирани борбени десантни возила БМД-2, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Падобранско-десантните единици (ВДВ) на руската армија во текот на 2014 ќе бидат опремени со преку 200 модернизирани борбени десантни возила БМД-2, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана. Притоа, до крајот на 2013 се очекува на единиците да им бидат испорачани 30 возила од овој тип. Модернизираната техника ќе биде опремена со нови радио-станици Р-168 и стабилизатори за вооружување 2Е86.

Оваа година испораката на БМД-2 се реализира врз основа на договорот за извршување генерален ремонт на борбените возила, склучен пролетта годинава. Според овој договор, вреден 170 милиони рубљи, 34 возила БМД-2 треба да бидат сервисирани.

БМД-2 е дел од вооружувањето на ВДВ од 1985 година. Возилото е опремено со 30-милиметарски автоматски топ и тенковски митралез со калибар од 7,62 милиметри. Десантното возило има маса од 8,2 тони и развива брзина до 60 километри на час. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња