Руски атомски крстосувач ќе ја заштитува Олимпијадата во Сочи

Извор близок до Главниот штаб на Морнарицата изјави дека атомскиот крстосувач „Петар Велики“ ќе се искористи за гарантирање на безбедноста на Олимписките игри во Сочи во 2014.

Извор близок до Главниот штаб на Морнарицата изјави дека атомскиот крстосувач „Петар Велики“ ќе се искористи за гарантирање на безбедноста на Олимписките игри во Сочи во 2014.

Таквата можност се потврдува со уште еден факт. Според документите за модернизација на опремата на бродот, која ќе трае до 25 ноември, обновувањето на електрониката е поврзано со обезбедувањето на безбедноста на Олимпијадата. Во рамките на модернизацијата се предвидува инсталирање на хидроакустични станици за откривање на подморници, како и нови ракетни системи.

Атомскиот крстосувач поради меѓународните договори нема можност да влезе во Црното море, но затоа ќе ја заштитува Олимпијадата наоѓајќи се во Средоземното море.

Официјален коментар за примената на крстосувачот „Петар Велики“ засега не дошол од Главниот штаб на Морнарицата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.