Русија ѝ предложи на Јужна Кореја ловци ПАК ФА

Компанијата „Рособоронекспорт“ ѝ ги предложи на Јужна Кореја најновите ловци Т-50 (ПАК ФА), кои можат да бидат купени во рамките на ревидираниот тендер FX-III за испорака на 60 воени авиони.

Компанијата „Рособоронекспорт“ ѝ ги предложи на Јужна Кореја најновите ловци Т-50 (ПАК ФА), кои можат да бидат купени во рамките на ревидираниот тендер FX-III за испорака на 60 воени авиони. Како што пренесува Jane's, повикувајќи се на извор близок до корејската комисија за разгледување на тендерот, предлогот е неофицијално даден.

Официјалната информација за овој предлог не е потврдена од руската страна.

Според зборовите на Jane's, „Рособоронекспорт“ сака да ја искористи можноста да испорача на Јужна Кореја нови авиони, без ревидирање на буџетот на тендерот. Претходно стана јасно дека Јужна Кореја ги засили барањата за ниската забележливост на ловците во својот тендер. Новите услови засега ги исполнува само F-35 Lightning II.

Јужна Кореја објави тендер за купување на 60 ловци кон крајот на 2011 година. За купување на ловците, Кореја е подготвена да потроши 7,5 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња