Рособоронекспорт ѝ предлага на египетската армија воени хеликоптери, системи за противвоздушна одбрана, а исто така и ремонт на старата советска и руска воена техника, изјави за РИА Новости шефот на делегацијата на „Рособоронекспорт“, Михаил Завалиј.
Претходно некои египетски медиуми соопштија дека Москва и Каиро водат преговори за склучување на пакет-договор за купување на оружје во вредност од 4 милијарди долари, не укажувајќи го видот на продукцијата.
Во Каиро во четвртокот се наоѓаше министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу.
„На Египет му предлагаме современи хеликоптери, ПВО системи, ремонт и модернизација на претходно купената техника“, додаде Завалиј.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче