Музејот на Михаил Калашников започна со работа во неговото родно село на Алтај

Музејот посветен создавачот на најпопуларната пушка во светот, Михаил Калашников, започна со работа во петокот во неговото родно село Курја во Алтајскиот крај.

Музејот посветен создавачот на најпопуларната пушка во светот, Михаил Калашников, започна со работа во петокот во неговото родно село Курја во Алтајскиот крај.

Музејот доби статус на филијала на Алтајскиот државен музеј. Тој се наоѓа во зградата на поранешното училиште во кое учел Калашников. Дрвената зграда, изградена пред 100 години, доби статус на споменик на архитектурата. Поради влошеното здравје, 94-годишниот Михаил Калашников не можеше да дојде на отворањето на овој музеј.

Според зборовите на Сергеј Носачев, заменик на генералниот директор на „Калашников“, Михаил Калашников предал доста од своите лични предмети на музејот, вклучувајќи ја и тогата за почесен професор на Харвардскиот универзитет. Освен тоа, доста фотографии, документи, дипломи, како и писмо од претседателот на Венецуела, Уго Чавес – станаа дел од нештата кои ќе можат да се видат во музејот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.