Сите технологии за десантните носачи на хеликоптери од типот „Мистрал“, како и воениот систем SENIT-9, Франција ќе ги даде на Русија доколку Москва купи 4 бродови од овој тип. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на извор во воено-индустрискиот комплекс на Франција.
„Испораката на целиот пакет технологии на руската страна е поврзана со изградбата на уште два дополнителни брода од овој тип“, изјави тој.
„Доколку се потпише договор за испорака на уште два носачи на хеликоптери, сите технологии кои се користат во нив ќе бидат предадени на руската страна“, додаде изворот.
Русија веќе потпиша договор вреден 1,2 милијарди евра за изградба на два носачи на хеликоптери „Мистрал“ за Воено-морските сили на Русија во 2011 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче