Американскиот телевизиски канал ABC ќе сними серија за Екатерина Велика

Американската телевизија ABC, која е во сопственост на The Walt Disney Co., ќе сними серија за руската императорка Екатерина Велика, пренесува The Hollywood Reporter.

Американската телевизија ABC, која е во сопственост на The Walt Disney Co., ќе сними серија за руската императорка Екатерина Велика, пренесува The Hollywood Reporter.

Во основата на сижето ќе се најде книгата на американскиот историчар Роберт Меси „Екатерина Велика: портретот на жената“, која излезе од печат во септември 2012.

Датумот кога ќе се прикаже за прв пат серијата не е определен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.