Шојгу: Русија и Египет ќе ја развиваат соработката во воената сфера

Русија има намера да ја развива соработката со Египет во воената сфера, да ја зголеми интензивноста на билатералните контакти, изјави во четвртокот министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

Русија има намера да ја развива соработката со Египет во воената сфера, да ја зголеми интензивноста на билатералните контакти, изјави во четвртокот министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

Во среда министерот за одбрана на Русија замина од Србија накај Египет за да учествува во првиот стратешки дијалог меѓу министрите за надворешни работи и одбрана на Русија и Египет.

„Ние имаме намера да ги развиваме руско-египетските односи во воената област и да ја зголемиме интензивноста на билатералните контакти“, изјави генерал-полковникот Абдел Фатах Ас-Сиси за време на средбата.

Според зборовите на Шојгу, силен, демократски Египет е важен фактор за поддршката на мирот на Блискиот Исток. „Се надеваме дека ова тешко време за египетската земја ќе заврши брзо со регулирање на проблемите“, изјави министерот за одбрана на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња