Сбербанк подготви три сценарија за развој на руската економија

Економистите прогнозираат дека во следниве 10 години руската економија ќе порасне за 29%.

Руската банка Сбербанк подготви три сценарија за развој на економијата на Русија – стандардно, оптимистичко и песимистичко.

Според стандардното сценарио, чија веројатност за остварување е 80%, се предвидува цената на нафтата од марката Urals да остане на ниво од 100 долари за барел,  а светската трговија да расте за 4-5% годишно. Со ова сценарио се предвидува раст на БДП од 2 до 2,4% во Русија и стабилна динамика на основните економски показатели. Исто така, се очекува инфлацијата да се движи до 4,5% во следниве пет години, а невработеноста да порасне до 6,2%.

Оптимистичкото сценарио предвидува раст на светската трговија од 6 до 6,5%, а цената на нафтата да порасне до 115 долари за барел. Во тој случај руската економија ќе расте за 3% годишно, а инфлацијата веќе во 2018 ќе изнесува 5%, а невработеноста ќе остане на исто ниво.

Песимистичкото сценарио предвидува нагло нарушување и влошување на конјуктурата на надворешните пазари, пад на цените на нафтата до 70 долари за барел. Во тој случај економијата на Русија би паднала за 3,5% само во првата година од кризата, а 2% во втората. Веќе во третата ќе почне да расте, но не повеќе од 1% годишно.

Економистите прогнозираат дека во следниве 10 години руската економија ќе порасне за 29%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња