Министерството за одбрана на САД во средата извести дека се откажува од купувањето руски транспортни хеликоптери Ми-17 од Рособоронекспорт, пишува РИА Новости. Пентагон планираше во 2014 година да купи 15 хеликоптери за 345 милиони долари и да ги предаде на Авганистан. Морин Шуман, претставничка на американското министерство за одбрана, изјави дека „плановите повторно ќе бидат разгледани после консултации со Конгресот“.
Претходно против реализацијата на оваа зделка истапија неколку конгресмени како од демократската, така и од републиканската партија, кажувајќи дека Русија дава воена поддршка на сириската влада.
„Ја поздравуваме одлуката на министерството за одбрана да се откаже од руските хеликоптери“, коментираше сенаторот Џон Корнин. „Таа зделка со Русија би била погрешна од морална гледна точка. САД не смее да ги субвенционира Асадовите воени злосторства.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче