Предлог-закон за ограничување на обртот и чувањето на американски долари на територијата на Руската Федерација е внесен на разгледување во Државната Дума.
Иницијатор на проектот е пратеник од Либерално-демократската партија на Русија, поранешен кандидат за градоначалник на Москва, Михаил Дегтјарев. Документот предвидува воведување на преоден период, за време на кој сопствениците на долари треба да ги потрошат или да купат со нив рубљи или друга валута. После тоа, банките треба самостојно да ги продадат доларите според средниот курс и да купат рубљи или евра.
Според предлог-законот, се предвидува и одземање на долари, доколку истите бидат откриени. Одземените долари би биле продадени за рубљи, а добиената сума ќе им биде вратена на сопствениците.
„Со предложените ограничувања може да се започне со процесот на создавање на бездоларски меѓународен валутен систем, воздигнување на рубљата и добивање статус на светска резервна валута, како и прекин на прекумерната зависност на граѓаните од американски долари“, се кажува во документот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче