Русија за 2,5 пати заостанува од развиените земји според нивото на продуктивност на трудот

Русија заостанува за 2,5 пати според нивото на продуктивност на трудот од другите развиени земји, пренесува кореспондент на „Газета.Ру“, повикувајќи се на изјава на министерот за труд и социјален развој, Максим Топилин.

„Според нивото на продуктивност на трудот ние се наоѓаме далеку од првите места. Според оценките, Русија за четири пати заостанува во тој поглед од Норвешка, иако во таа држава граѓаните работат за 14 дена помалку во годината. Средно земено, ние заостануваме за 2,5 пати од развиените држави“, изјави министерот.

Според зборовите на Тополин, во Русија само 9% од претпријатијата применуваат технолошки иновации, додека во Германија, на пример, истиот показател изнесува 62%, а во Финска - 60%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.