Русија и Јужна Кореја потпишаа договор за укинување на визите

Русија и Јужна Кореја потпишаа договор за заемно укинување на визите. Соодветниот меѓувладин документ беше потпишан после руско-корејските преговори на највисоко ниво.

Русија и Јужна Кореја потпишаа договор за заемно укинување на визите. Соодветниот меѓувладин документ беше потпишан после руско-корејските преговори на највисоко ниво.

Освен тоа, беше потпишан договор меѓу владите на двете држави за формирање на културни центри. Страните ставија потписи на меморандумот за заемно разбирање и соработка во областа на транспортот и туризмот.

Договорот за укинување на визниот режим ќе им озвозможи на туристите од Русија да се наоѓаат до 60 дена на територијата на Јужна Кореја без визи.

Минатата година Русија ја посетиле околу 95.000 туристи од Јужна Кореја, додека во Јужна Кореја дошле 167.000 туристи од Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња