Заменикот на министерот за надворешни работи на Украина, Виктор Мајко, смета дека постојат дискриминаторски дејства од страна на Русија кон Украина.
Тој спомна дека во оваа година Украина изгуби 25% од трговијата со Русија, која претходно достигнувала и до 60 милијарди долари. „Не треба да се заборави дека една од причините за намалувањето на обемот на трговија е намалувањето на количините на гас кои се купуваат, а кои секоја година се сѐ помали и помали“, изјави Мајко во интервју за Првиот канал на Националната радиокомпанија на Украина.
Во последно време во трговско-економските односи меѓу двете држави се појавија проблеми. Еден од тие проблеми беше продукцијата на украинската кондиторска фабрика Рошен, чии производи беа забранети за увоз во Русија поради несоодветниот квалитет. Во август се појавија царински проблеми, а од 12 ноември се променија правилата за увоз на стоки во државите на Царинската унија, поради што на границите меѓу Русија и Украина се појавија големи редици.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче